Македонците од Австралија му го честитаа именденот на Владиката Тимотеј

Date:

Share post:

Верниците на Австралиско-сиднејската епархија, Епархискиот управен одбор, Епархискиот црковно-просветен совет, Македонската православна младина на Австралија (МОYA), му го честитаа именденот на надлежниот владика г. Тимотеј.

-Чествувајќи го Вашиот закрилник пред Господа, светиот апостол Тимотеј, Го молиме Троедниот Бог – да Ве дарува со долголетие, крепко здравје, татковска љубов, сила и мудрост за правилно да раководите со Вашата Богомдарувана и доверена паства и да зрачите по примерот и ревноста на светиот апостол Тимотеј, кој целиот свој живот го помина во мисија за ширење на верата и на Светата Црква.

На многаја и благаја  летааа, висoкoпреосветени владико!!! Просејќи архипастирски благослов, ја целиваме Вашата света десница, замолувајќи Ве да го примите изразот на нашето високо почитување. Христос посреде нас!  Е, и ќе биде!, пишува во честитката од информативната служба на Австралиско-синдејската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img