Лидерот на Маланкaра ортодоксната црква ја обвини RSS за напади на христијани во Индија

Date:

Share post:

Поглаварот на Маланкaрa Православната црква, Католикос Баселиос Мартома Матјус III, изјавил дека групи поврзани со индиската организација Rashtriya Swayamsevak Sangh (RSS), стојат зад зголемените напади врзхристијанските заедници во Индија. 

Патријархот изразил загриженост поради запирањето на христијански активности во јавните простори, вклучително и нарушување на Божикните прослави надвор од црковните објекти. Тој предупредил дека ако насилството продолжи, „нема да помине долго време пред инциденти да се случуваат и внатре во црквите“. 

Матјус истакнал дека одговорноста на владата е да спречи такви напади. Според него, неуспехот на политичките лидери да делуваат против овие екстремни елементи создава впечаток дека нападите се дел од планирана стратегија, што претставува загриженост за малцинските заедници. 

Тој исто така потсетил дека слободата на вероисповед и правото да се изградат места за богослужба се гарантирани со индиската уставна рамка, и дека тие права не смее да се поткопуваат со анти-христијанскитеактивности. 

Инциденти со насилство и нарушување на празнични прослави биле пријавени и во други делови на Индија, особено за време на Божикниот период 2025 година, кога припадници на радикални групи, поврзани со RSS и нејзините ограноци, биле обвинети дека физички напаѓале христијански собири и ги нарушувале церемониите. 

Лидерот на опозицијата во Керала, претходно истакнал дека таквите напади и нарушувања на верските права на местата за богослужба укажуваат на широка мрежа на активности насочени кон христијанските заедници во различни делови на земјата. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img