Католиците го слават Свети Серафин

Date:

Share post:

Верски календар: 12 Октомври

КАТОЛИЧКА ЦРКВА Денеска е Св. Серафин.

sveti-serafinРоден е во 1540 година во Монтегранар, во Италија. Му припаѓал на капуцинскиот ред. Поради своите скромни можности бил многу често преместуван од место во место. Сепак во градот Асколи луѓето многу го засакале. Серафин бил мироносец кој ги смирувал закараните, ги тешел и ги потикнувал болните и ожалостените. По пример на својот основач Свети Фрањо од Асизија и тој ја сакал природата, се молел и расправал за Господ. Неговиот збор влевал во душите доверба. И така припрост и неук им станал духовен водач на многумина. Желбата за спасување на души го влечела во мисии, но тоа било неостварливо. Сакал за душите да загине како маченик. Умрел во 1604 година. Неговата смрт го кренала на нозе цел Асколи. Бидејќи го сметале за светец, Италијаните се грабале за било каков спомен од покојниот брат, како што го нарекувале Серафин. Папата Клемент Тринаесетти го прогласил во 1767 година за Светец. Луѓето му се молат поради разни проблеми.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...