Како функционира православниот епископски собор во дијаспората?

Date:

Share post:

Православните цркви во 2009 година во Шамбези постигнаа согласност околу начинот на функционирање на дијаспората. Сите претставници на тогашните 13 автокефални цркви се согласија дека формираните епископски центри на помесните автокефални цркви во дијаспората ќе продолжат да функционираат под јуриздикција на своите цркви. На одредени делови од дијаспората ќе бидат формирани епископски православни собори, со кои ќе претседава епископот од Вселенската патријаршија. Истата одлука во 2016 година беше потврдена на Севселенскиот Собор на Крит.

Денес, осум години по Крит веќе функционираат некои од формираните православни епископски собори во кои членуваат сите помесни рпавославни цркви, кои имаат на таа територија свои епископати.

Еден од нив е Православниот епископски собор за Бенелукс. Досега има одржано 28 седници, а последната е од 7 јуни оваа година. На седницата присуствувале Митрополитот Белгиски Атинагора (од Вселенската Патријаршија), кој претседава со Соборот, а членови кои биле присутни се Епископот на Домодедово Симеон (Архиепископија на православните цркви со руска традиција во Западна Европа од Патријаршијата на Москва), Епископ Јустин (од Патријаршијата на Србија), Епископ на Неамц Марко, претставник на Митрополит Јосиф (од Патријаршијата на Романија), Епископот Доситеј (од Патријаршијата на Грузија) и Епископ на Аполонијада Јоаким, викарен на Свештената Белгиска Митрополија (од Вселенската Патријаршија).

Главни теми на дебата биле прашањето за успореноста на механизмот на државата за признавање на некои православни парохии, како и проблемите што се појавиле во рамките на Православното младинско движење во Холандија и на Православниот камп.

Како што се наведува во соопштението што беше објавено по завршувањето на работата, „архијереите, загрижени за новопојавените сериозни проблеми во рамките на Православното младинско движење во Холандија (OJN) и Православниот камп (OZK), ги повикуваат сите што се вклучени во православниот летен камп да соработуваат помеѓу себе во помирувачки дух“. Тие категорично кажуваат дека никој не треба да биде исклучен од овој процес, без разлика на црковната јурисдикција или националност.

-Епископите изјавуваат и дека Православниот епископски собор е секогаш подготвен да интервенира како посредник. Делегација на Епископскиот собор би можела да се сретне со надлежните со цел да се одржи единството, хармонијата и за доброто на нашите млади луѓе и на Црквата. Еден или двајца свештеници, исто така, би можеле да бидат назначени како пастирски одговорни и да поднесуваат извештај до Епископскиот собор. Затоа, православниот епископски собор во никој случај не може да даде благослов за одржување на летниот камп во 2024 година, стои во соопштението од седницата.

Во соопштението пишува дека епископите беа информирани за успореноста на механизмот на државата за признавање на некои православни парохии, главно во регионот на Фландрија, како и за одредбите што важат за различните провинции во Белгија за добивање на ова признавање.

Архијереите беа информирани за случувањата во врска со животот и активностите на Православната црква во Холандија и нејзиниот Советодавниот совет.  Зборуваа исто така и за практичните детали, но и за важноста на поклоничкото патување што ќе го остварат од 21 до 27 септември 2024 година, по покана на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх, на островот на Откровението, на Патмос. Архијереите разменија и информации и вести од своите епархии. Исто така, на Преосвештениот Епископ г. Доситеј му ја честитаа 10-годишнината од неговото ракополагање за епископ, кој, пак, од своја страна ги извести епископите за настаните што се подготвуваат за прослава на тој јубилеј, стои во соопштението.

Следниот состанок на Православниот епископски собор во Бенелукс е закажан за 14 ноември 2024 година.

Ова е начинот на кој функционира црковната дијаспора и начинот на кој утре ќе функционира и дијапсората на МПЦ-ОА, откако офцијално ќе стане автокефална црква со Томос од Вселенската патријаршија. Приказните за наводно одземање на дијаспората се лажни тези за замајнување на јавноста.

Православните цркви, колку и да имаат несогласување меѓусебе, сепак функционираат по редот на традицијата. Ако МПЦ-ОА е автокефална, зошто не е членка на овој Собор, или на некој друг во Европа? Таму се членки и СПЦ и РПЦ и Романската црква, кои нели го признаа Томосот на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...