Грчкиот архиепископ, Јероним коментирајќи ја одлуката за довозлување кремирање во Грција, изјавил дека „Црквата не е полицаец и дека нема со насилство и камшик да го наметнува својот став“, но дека е недозволува да се спојуваат „печките“ со христијанските гробишта.
-Секој има право на избор и одгворност за постапките. Црквата не се обидува да го наметне својот став со „камшик или насилство“. Црквата не е полицаец. Самиот Христос рекол, кој сака да дојде со мене, нека дојде. Ние како црква ќе продолжиме да се држиме до нашите принципи и ќе го кажуваме тоа што го вели Црквата. Но, апсолутно е недозволиво „мешање“ на печките со христијанските гробишта. Градоначалниците кои сакаат да работат со печки за кремирање, нека си најдат други локации, далеку од гробиштата, изјавил Грчкиот архипископ, Јероним за одлуката да се дозволи кремирање во Грција.

