Најголемата џамија во Македонија ќе биде отворена за мулиманските верници во месецот Рамазан. Ваква одлука долела ИВЗ и амбасадата на Турција во државата, откако биле направени последните контроли на изградбата на џамијата во Топанско поле во Скопје.
Станува збор за најголемиот исламски објект во државата, кој беше граден со финансиска поддршка на Турција. Неодамна поглаварот на ИВЗ, на средбата со духовниот водач на Турција во Анкара, најави дека за отварањето на оваа џамија ќе го покани да допатува во Македонија.
Ранмазан почнува на 18 февруари оваа година, но ИВЗ се уште нема одредено точен датум кога ќе биде отворена оваа џамија.
Пред два дека Реисул-улема на Исламската верска заедница Шаќир еф. Фетаи, заедно со амбасадорот на Република Турција во Скопје,. Фатих Улусој, муфтијата на Скопје Кенан еф. Исмаили, и уште неколку муфтии и високи претставници на ИВЗ, ја посетија џамијата во Топаана во Скопје.
-За време на посетата беше извршен увид во состојбата на џамијата и беа разгледани прашања поврзани со нејзиното функционирање. По тој повод беше донесена одлука џамијата да биде отворена за верниците за извршување на сите намази и за теравих-намазот во текот на благословениот месец Рамазан. Оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат соодветни услови за верниците за извршување на нивните верски обврски во текот на Рамазан, со почитување на потребните организациски и функционални стандарди, соопшти ИВЗ.
Поглаварот Фетаи му се заблагодарил на амбасадорот на Турција за континуираната поддршка на верските и институционалните проекти на Исламската верска заедница, истакнувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка во реализацијата на проектите во корист на верниците.

