ИВЗ го покани поглаварот на турската ИВЗ свечено да ја отвори новата џамија во Скопје

Date:

Share post:

Исламската верска заецница ќе ја продолжи соработката со Дијанетот на Турција, државна институција за верски прашања, со која раководи Големиот муфтија на Турција. Ова го заклучиле двајцата поглавари, Шакир Фетаи на ИВЗ и Сафи Арпагуш на Турција на средбата во Анкара.

Македонската ИВЗ смета дека Дијанетот на Република Турција има улога како институција со посебна тежина во исламскиот свет, како поради својата традиција, така и поради промоцијата на автентичните исламски вредности.

-Долгогодишната соработка меѓу Дијанетот и Исламската верска заедница претставува пример изграден врз меѓусебна почит, доверба и заедничка визија. ИВЗ ја гледа соработката со Дијанетот не како формален однос, туку како стратешко и братско партнерство кое им служи на институциите, верниците и на општествената стабилност во целина, изјавил Шакир Фетаи на средбата.

Претседателот на Дијанетот на Република Турција, Сафи Арпагуш, ја оценил улогата на ИВЗ како единствена институција одговорна за организирање на верскиот живот во Македонија, како и сериозноста и коректноста покажани во досегашната соработка.

Фетаи го поканил Поглаварот на туркстата ИВЗ да ја посети Македонија и да присуствува на свеченото отворање на Скопската џамија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img