Иванов го поканил Вартоломеј да ја посети Македонија за јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

Date:

Share post:

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, објави за средбата на со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, вчера во седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар – Истанбул.

Според соопштението од неговиот Кабинет, Иванов го поканил Вселенскиот Патријарх да ја посети Република Македонија за одбележувањето на големиот јубилеј – 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

-Двајцата соговорници разговарале за прашања поврзани со статусот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Претседателот Иванов истакнал дека МПЦ-ОА е жива црква, додека Вселенскиот патријарх изразил надеж дека прашањето ќе се реши.

Од кабинетот на Иванов посочуваат дека македонскиот Претстедател ги поздравил активностите и напорите на Вселенскиот патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.

– Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит, истакнал македонскиот претседател.

На средбата биле разменети мислења за повеќе актуелни теми од заемен интерес‎.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит.

За средбата на Иванов со вселенскиот патријарх, вчера јави Религија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img