Исламска држава ги повика вчера своите приврзаници во светот да извршуваат напади врз Западот за време на светиот муслимански месец Рамазан, јави ДПА.
– Рамазан е месец на инвазија и џихад, изјави во аудиопорака портпаролот на ИД, Абу Мохамед ал Аднани.
– Направете од тој месец, според Божјата волја, месец на несреќи за неверниците насекаде. Овој повик е насочен специјално кон војниците и поддржувачите на Исламскиот калифат во Европа и Америка, рече Аднани.
Тој изјави дека при нападите на Запад не треба да се штедат цивилите, бидејќи тие ќе бидат одмазда за воздушните напади на САД и нивните сојузници во Сирија и Ирак.
Порака со траење од 22 минути е испратена од медиумскиот клан на ИД „Ал Фуркан“.
Рамазан оваа година треба да почне да почетокот на јуни

