Во новата епизода на поткастот СМИСЛА, со отец Бобан и сестра Ефимија, гостин е докторот и експерт за здрава исхрана Д-р Александар Митов.
Во поткастот се разговара за смислата на здравата исхрана – дали храната е само гориво за телото или и духовна дисциплина? Што навистина значи да се има здрави навики во современиот начин на живот?
Д-р Митов објаснува зошто седењето по 8 часа дневно се поистоветува со штетноста на пушењето и како оваа „тивка навика“ влијае врз нашето здравје. Кој вид на исхрана е најдобар? Дали постои универзален модел или сè зависи од личниот пристап и балансот?
Разговорот се осврнува и на тоа кои луѓе живеат најдолго во светот и како тие се хранат, што е аутофагија и дали навистина има научна потврда, како и на актуелната тема за инекциите за слабеење и ригорозните диети – дали се решение или краткорочен тренд?
Посебно внимание е посветено на постењето – од верски и од здравствен аспект. Каде се допираат духовната дисциплина и медицината?
Погледнете ја епизода што ги спојува науката и верата во потрага по вистинската смисла на грижата за телото и душата.

