Грчки свештеник сака да служи во бугарската црква, поради одлуките на Соборот од Крит

Date:

Share post:

Свештеник на Грчката православна црква, за кој надлежниот епископ повел постапка за расчинување, сака да биде дел од Бугарската православна црква и нејзе да и служи. Станува збор за свештеникот Панајот Митрицакис од Ханија на островот Крит, кој веќе извесно време одбивал на службите да го споменува името на надлежниот епископ Дамаскин од причина што епископот бил потписник на документите од Соборот на Крит и нивен потписник. Свештеникот Панајот зборувал дека епископот е екуменист и затоа не го споменувал неговото име на богослужбите.

grcki-svestЕпископот на Ханија, Дамаскин повел канонска постапка пред црковниот епархиски суд со обвинение за ширење раскол. Сепак Епископот му понудил на свештеникот неколку опции за да остане во црквата, меѓу нив и опцијата да ја напушти Ханија и да оди кај друг епископ на Грчката црква, за кој самиот ќе одлучи.

На тоа свештеникот Панајот, одговорил дека не сака да ја напушти Ханија и дека сака да биде дел од Бугарската православна црква и како таков да остане да служи во градот. Отец Панајот ја избрал БПЦ како црква, за која вели дека се спротивила на Соборот во Крит и останала на принципите на Православието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img