Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј своето прво патување во дијаспората на МПЦ-ОА ќе го има во Европската епархија. Заедно со надлежниот митрополит Пимен ќе ја посетата црковната општина на МПЦ-ОА, Свети Прохот Пчински во Пјаченца Италија.
Двајцата ќе отсслужат и заедничка литургија в сабота, за патрониот празник на ова црковна општина.
-По повод празникот на Свети Прохор Пчински, патрон и закрилник на Македонска Православна Црковна Општина во Пјаченца, ќе се отслужи Света Архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со Митрополитот Дебарско–Кичевски г. Георги и повеќе свештенослужители. По литургијата за сите присутни од кумовите ќе има трпеза на љубовта. Да се собереме сите заедно во благодарност и молитва кон нашиот закрилник, за да ја споделиме духовната радост на овој благословен ден! Свети Прохоре Пчински, моли Бога за нас!, стои во објавата на европската епархија.

