Папата Франциск вчера од Ватикан повика на молитви за успешно одржување на Соборот на Православната црква на Крит, кој денеска официјално почна со работа.
-Да се обединиме во молитвите за нашите православни браќа, повикувајќи го Светиот Дух со неговите дарови да им помогне на патријарсите, митрополитите, епископите кои се собраа на Соборот, изјавил Папата Франциск.
Тој потенцирал дека денес на светот најмногу од се му е потребен Христос и неговата милостиња.
-На светот како никогаш досега му е потребан Христос, неговото спасение, неговата милосрдна љубов. Многумина чувствуваат празнина во себе и околу себе, други живеат во немир и несогласување, на сите им се потреби одговори. А само Христос може да го пронајде правиот мир и исполнување на сите човечки тежнеења. Исус го познава човековото срце од кого било. Затоа може да го заздрави, дарувајќи му живот и утеха, изјавил Папата Франциск.
/РЕЛИГИЈА.МК

