Ерусалимскиот патријарх Теофил на велики четврток во дворот на храмот Христово Воскресение во Ерусалим им ги изми нозете на 12 свештеници.
Ова е чин во спомен на настанот кога на овој ден Христос им ги миел нозете на Апостолите, непосредно пред неговото неговото предавство и страдања.
На Велики четврток, Патријархот Ерусалимски. Теофил, отслужи и Божествена Литургија, во храмот на Христовото Воскресение, во Ерусалим.






