Епископот Марко во име на Делчевско – каменичката епархија донираше вредна црковна литература за фондот на делчевската Библиотека.
Книгите ги прими директорката Билјана Петровска, на средба со епископот Марко, и посочи дека ова е посебна чест и благодарност.
-Книгите беа лично донесени од Неговото Преосвештенство, епископот Марко, со што уште еднаш се потврди значењето на соработката меѓу духовните институции и културните установи. Оваа донација претставува значаен придонес во збогатувањето на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите поблизок пристап до духовната и православната литература. ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, изразува искрена благодарност за овој благороден чин и поддршката што ја добиваме во нашата мисија за ширење на значењето на културата, вели директорката Петровска.

