Една пребарување по интернет, едно патување и животна промена: тинејџерка од САД волонтираше со деца во Кенија

Date:

Share post:

Едноставно пребарување на интернет ѝ го промени животот на Тес Емануел, тинејџерка од Вирџинија, која на само 16 години самостојно отпатува во Кенија за да волонтира со деца во рамки на хуманитарна програма.

Водена од љубопитност кон Африка, желба да работи со деца и потребата да направи нешто повеќе, Тес аплицирала за волонтерската програма Better Me, која работи со ранливи категории деца во Кисуму, Кенија. Неколку дена подоцна добила потврда дека е примена, а за одлуката прво аплицирала, па дури потоа им ја соопштила на родителите.

И покрај почетните стравови и сомнежи од околината зошто не волонтира поблиску до дома, семејството ја поддржало нејзината одлука. Најтешкиот момент, како што вели, бил разделбата на аеродромот, кога првпат почувствувала тежина од одлуката – сама, малолетна и на пат кон целосно непозната средина.

Во Кенија, Тес поминала три недели работејќи со деца во поправен дом и во училиште за деца без родители. Таму предавала англиски јазик, животни вештини, учествувала во спортски и креативни активности и поминувала многу време со децата во секојдневни разговори и игра. Таа била единствената малолетна и единствената Американка меѓу волонтерите, кои доаѓале од различни европски земји.

Престојот, како што вели, бил интензивен и емотивно тежок, особено навечер, кога се соочувала со носталгија и чувство на вина што ќе се врати во удобен живот. Сепак, поддршката од волонтерите, контактот со семејството и молитвата ѝ помогнале да остане стабилна.

Следното лето повторно се вратила во Кенија, овојпат со пријателка. Иако стравувала дека децата нема да ја паметат, тие ја пречекале со прегратки. Второто патување било уште подлабоко искуство, со нови тешки приказни, но и со потврда дека нејзиното присуство има значење.

Тес вели дека преку работата со децата ѝ се продлабочила и личната вера, бидејќи молитвата и духовноста биле дел од секојдневието на заедницата. Според неа, влијанието не се мери со трајност, туку со искрено присуство.

Иако ова лето нема да може да се врати поради обврски поврзани со факултет, таа е сигурна дека Кенија повторно ќе биде дел од нејзиниот живот. Нејзината цел е во иднина да мотивира и други млади да излезат од својата комфорна зона и да се вклучат во хуманитарна работа.

„Не можам да го сменам целиот систем, но знам дека направив разлика за некого. И тоа е доволно“, вели Тес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img