Вестки календар: 14. Јануари
МПЦ-ОА/Обрезание на Господ Исус Христос
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Ивета.
Била родена во 1158 година, во Лиеж, Белгија. Господ не бил почитуван од нејзините родители, кои не ја воспитувале за Господ туку за светот. На 15- годишна возраст се омажила, а потоа имала два сина. По три години нејзиниот маж умрел. Како вдовица почнала да му се моли на Господ и да се занимава со верата. Тежнеела за светиот живот и правела добри дела. После десет години почнала да се грижи за болните луѓе. Се молела за нејзиниот син кој живеел грешен живот, се додека не му се обратил на Господ. Умрела во 1228 година.