Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава за „Макфакс“ вели дека нема да прави тензии и дека нема со насилство да ја преземе функцијата во ИВЗ, туку тоа ќе прави по институционален пат.
Според Бузаку, моментно објектот на ИВЗ е под окупација и рече дека денеска првин ќе побара асистенција од полицијата за да влезе на своето работно место, а истовремено ќе упати барање до Финансиската полиција да изврши проверка во работењето на ИВЗ и да ја утврди фактичката состојба.
Бузаку вели дека има решение од судот и дека е правосилно и објавено во „Службен весник“ со што, како што рече, Реџепи практично нема право на жалба.
Бузаку за „Макфакс“ додава дека ништо не се решава со тензии и дека тој не е тука за да навредува некого, туку да шири љубов и да ги сплотува луѓето и да ја извршува мисијата на ИВЗ.
Тој вели дека во ИВЗ не смее да се меша политиката затоа што ИВЗ не е политичка партија, туку верска заедница.
/макфакс

