Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека така ќе било затоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух.
Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да се молат, бидејќи литургиите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија.
– Тешка одлука, но подготвен сум да се носам со прозивките – рече Борисов на денешната прес конференција.
– Епископите ми кажаа дека многу луѓе се со ослабнат дух, дека се очајни. Затоа не можам да издадам таква наредба, за затворање на црквите – додаде тој
Црковните обреди на Велики петок, а особено на Велигден, вообичаено привлекуваат илјадници луѓе во црквите ширум балканските земји.
Бугарскиот минитер за внатрешни работи, Младен Маринов, изјави дека полицијата ќе биде околу црквите и ќе пази на редот и приддржувањето до социјалната дистанца.
Бугарија на 13 март прогласи вонредна состојба во земјата и забрани собирања со повеќе од две возрасни лица.
– Православната црква нема да дели гранчиња од врба како што тоа вообичаено го прави во недела, на Цветници – изјави митрополитот Ловченски, Гаврил, и опиша дека потегот на црквата е „голем компромис“
Митрополитот додаде дека Богослужбите за Велигден ќе се оддржуваат надвор од црквите, а Светиот синод на сите верници им препорача да носат заштитни маски кои ќе им ги делат свештеници на БПЦ.

