БОГОЈЕСКИ: Исклучувањето на децата од Храмот е исклучување на иднината од сопствените корени

Date:

Share post:

Втора година по ред бадниковите поворки во Скопје не завршуваат во Соборниот храм и на литургијата кај Архиепископот Стефан, туку на градскиот плоштад. Таму втора година по ред е преместена и бадниковата пештера, која изминативе години го красеше дворот на храмот Свети Климент Охридски. Наместо поворките да завршат на литургијата во црква, МПЦ-ОА и организаторите посетата на Архиепископот ја прават со одредена делегација од деца, утринава пред одржување на поворките.

Многу родители реагираат зошто тоа се прави, кога за Бадник изминативе години беше прекрсна глетката како илјадници деца доаѓаа и го исполнуваат Соборниот храм.

Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, го коментира овој преседан. Во продолжение целосната негова реакција за Религија.мк

Одлуката со која деца од традиционалната бадникова поворка во Скопје беа отстранети од Соборниот Храм, поради наводно „нарушување на редот и тесен простор“, претставува длабоко вознемирувачки симбол на институционален и духовен пресврт што македонското општество не смее да го игнорира.

Станува збор за деца, носители на христијанската радост, културна традиција и духовна невиност, кои наместо да бидат пречекани како суштински дел од празничниот обред, беа истиснати од “врањанските пијаници” од просторот што по својата суштина треба да им припаѓа на христијаните, а не на “врањанскиот јавашлук”.

Фактот што нивното присуство било оценето како „пречка за бадниково пијандурење“, додека се толерираат недолични однесувања на други групи, отвора сериозни прашања за критериумите, вредносниот систем и реалната духовна ориентација на институцијата што управува со Соборен храм. Овој настан не е изолиран, туку логична последица на подлабок процес на ерозија на автономијата, идентитетот и пасторалната чувствителност на Македонската православна традиција.

Кога духовното воспитување на македонските деца станува предмет на надворешно одобрување, а христијанската радост се третира како административен проблем, тогаш не станува збор за вера, туку за контрола. Христијанството, во својата суштина, не е дисциплина на потиснување, туку вера на прифаќање. Не е институционална хиерархија, туку заедница. Не е политички инструмент, туку жив однос меѓу човекот, традицијата и духовното наследство. Исклучувањето на децата од Храмот е исклучување на иднината од сопствените корени.

Македонското општество има право и обврска да постави јасно прашање, кому му служат нашите Храмови и каква духовна порака им испраќаме на генерациите што доаѓаат?

Кому смета христијанизацијата на македонската младина и нејзино конектирање со МПЦ ОА? Кому сметаат македонските деца да ги полнат македонските Храмови?, пишува БОгојески.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img