Свештеници и монахињите од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, му го честитаа именденот на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх Киро Стојанов,пишува интернет порталот, „Католици.мк“
На средбата со свештениците и монахињите кои делуваат во градот Скопје бискупот Стојанов се заблагодарил за семејниот гест на љубов и заедништво. Бискупот Стојанов на средба им ги пренел впечатоците од неодамнешната посета кај папата Франциск, каде му пренел дека го чекаат во Македонија. На тоа Франциск одговорил дека и на Претседателот му рекол дека сака да дојде во Македонија.

