Бискупот Стојанов во центарот за мигранти во Гевгелија

Date:

Share post:

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов бил во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, објави интернет порталот, Католици.мк. Скопскиот бискуп го придружувал градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

-Католичката црква преку својата добротворна организација Каритас и Парохиските Каритаси со своите волонтери е дел од помошта и помага секојдневно во Транзитниот центар за беглаци во Гевгелија и Табановце, каде опслужува повеќе од 1000 луѓе, потенцирал Бискупот Стојанов.

Македонски Каритас дистрибуира повеќе од 500 топли оброци и исто толку топли напитоци во Гевгелија, како и 500 пакети со храна на Табановце. Во делењето помош на бегалците активно се вклучени и Парохиските Каритаси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img