Бискупот Стојанов на средба со фондацијата „Конрад Аденауер“

Date:

Share post:

osvetuvanje rezidencija 3Меѓурелигиската соработка била централната тема на разговорот помеѓу Скопскиот Бискуп Киро Стојанов и претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија Јоханес Реј.

Стојанов и Реј имале средба вчера на 26 април во бискупската резиденција на Католичката црква во Скопје.

Како што пишува порталот „Католици.мк“ на средбата станало збор за долгогодишната и плодна соработка помеѓу Католичката црква во Република Македонија и Фондацијата Конрад Анденауер на полето на меѓурелигиската соработка.

-Бискупот Стојанов ја изрази својата благодарност до Фондацијата и за целиот придонес што фондацијата го дава во изминатите години на полето на меѓурелигискиот дијалог како и надежта дека Фондацијата и во иднина ќе продолжи да дава придонес на ова полето, соопштува Католичката црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img