Митрополитот дебарско-кичевски Георгиј оствари средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим, каде што поглаварот на Вселенската патријаршија престојуваше по повод доделувањето почесен докторат по теологија.
Во петокот, на 23 октомври 2026 година, во Рим, митрополитот дебарско-кичевски Георгиј се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во италијанската престолнина, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му беше доделен почесен докторат по теологија.
Според објавените информации, средбата била можност за личен разговор во духот на евангелската љубов и заемното почитување.
Засега не се соопштени дополнителни детали за содржината на разговорот.

