Митрополит Пимен ја продолжува посетата на црковните општини во Европа, во Малме одбележани два јубилеја

Date:

Share post:

Митрополитот европски Пимен ги продолжува посетите на црковните општини на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Европската епархија. Во рамките на овие посети, на 18 октомври, во Малме, Шведска, предводеше свечена архиерејска Света Литургија по повод два значајни јубилеја на тамошната црковна заедница.

Верниците во Малме одбележаа 23 години од поставувањето на камен-темелникот и 13 години од осветувањето на храмот, кој претставува духовно средиште на македонската православна заедница во овој шведски град.

На Литургијата, покрај митрополитот Пимен, сослужуваа парохискиот свештеник, протоереј-ставрофор Блажо Кожарски, и свештеникот Оливер Новески од Берлин.

Во рамките на богослужбата, Зоран Стојчевски беше произведен во чин чтец.

По завршувањето на Литургијата, прославата продолжи со заедничка празнична трпеза, на која верниците го одбележаа јубилејот на храмот и црковната заедница.

Двата јубилеја се потсетување на повеќедеценискиот труд на македонските верници во Малме за изградба и духовно утврдување на својата црковна заедница, како и на улогата на храмот во зачувувањето на православната вера и црковниот живот на Македонците во дијаспората.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img