Според проценките, на следните избори – кои се очекуваат во пролетта 2027 година – би можеле да учествуваат околу 100.000 нови гласачи од дијаспора. Ваквиот момент има не само бројно, туку и симболично значење.
Во овој контекст се посочува дека Црква може да има значајно влијание, имајќи предвид дека парохиите во САД, Австралија, Германија и во другите јурисдикции претставуваат важни центри на собирање на грчката заедница.
Парохиите во дијаспората не се само религиозни институции, туку и места каде се одржуваат идентитет, православната вера и врските со татковината. Поради тоа, со одлуката на парламентот, Црквата се појавува како значајна врска меѓу грчката заедница во странство и матичната држава.
Во текстот се посочува и на односите меѓу американската дипломатија и Црквата на Грција. Двајцата претходни амбасадори на САД во Атина имале блиски контакти со црковните кругови.
Џефри Пајат покажувал интерес за црковните прашања уште за време на неговата служба во Киев, а тој интерес го продолжил и по доаѓањето во Атина, каде одржувал директни контакти со црковни личности.
Џорџ Цунис, кој има грчко потекло и е православен христијанин, исто така одржувал блиски односи со Црквата на Грција, често посетувајќи го архиепископот, повеќе митрополити и Света Гора.
Според текстот, со доаѓањето на новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, приоритетите се насочени кон други области, пред сè енергетските прашања и геополитичките баланси во регионот, имајќи ги предвид актуелните конфликти.
Се наведува дека засега интересот на американската амбасада кон црковните прашања не е во прв план, но се оценува дека ќе зависи од црковните претставници дали и како овие теми ќе бидат повторно ставени во фокусот на дипломатските контакти.
Извор: Orthodox Truth


