Зошто на Архиепископот Стефан му беше откажана посетата на Софија?

Date:

Share post:

Архиепископот Стефн бил поканет да патува во Софија, но во последен момент му била откажана посетата, потврдуваат за религија.мк, добро информирани извори од БПЦ.

Поглаварот на МПЦ-ОА требало да отпатува во Софија на 30 октомври и да учествува во литургијата во чест на српскиот Крал Стефан Милутин,(чие тело се наоѓа во црквата Света Недела во Софија) заедно со Патријархот на БПЦ, Даниил и уште двајца владици на СПЦ, Тимочкиот Иларион и Нишкиот Арсениј.  Поканата бил по иницијатива на Партијархот Даниил, а Архиепископот Стефан ја прифатил и се подготвувал за пат. Сепак, според изворите на религија.мк, непосредно пред патувањето бил известен дека не треба да патува.

-Патријархот Даниил сам го поканил,  а поканата била без одлука на Синодот на БПЦ. А кога станува збор за покана на поглавар на друга црква за посета, потребна е одлука на Синодот. И од тие причини дел од владиците на Синодот реагираа. Дополнително реагираа, зошто е поканет за учество на литургија за српски светител, а досега не бил поканет, иако имало позначајни поводи за таква посета. Очигледно е направен гаф, велат изворите на религија.мк.

Неофицијално, веста дека не треба да патува во Софија, на Архиепископот Стефан, телефонски му ја соопштил, митрополитот Кипријан од Стара Загора, кој има пријателски релации со МПЦ-ОА.

Два дена подоцна во Архиепископијата во Скопје гостин бил бугарскиот Амбасадор Жељаско Радуков. За средбата извести и скопската епархија, но без детали за што е разговарано. Според информациите на религија.мк, на Архиепископот му било пренесено извинување, поради пропустите направени од страна на кабинетот на Патријархот на БПЦ.

Инаку литургијата во Софија предизвика жестоки реакции во бугарската јавност, обвинувајќи го Патријархот Даниил дека ја прекршил синодската одлука на БПЦ од 2017 година за несослужување со архијери на СПЦ, откако српската црква ги канонизираше Сурдулучките маченици, чија смрт е поврзана со бугарската армија од Првата Светска Војна.

Изворите на Религија.мк се сомневаат дека можеби и идејата за покана на Архиепископот Стефан за учество на оваа литургија доаѓа од СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...