Државната агенција за иселеништво, преку својата интернет страница, јавно ја поддржува Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА, што изминативе денови ја организира една политичка партија и Владиката Петар преку епархијата што ја администрира во Австралија.
Оваа декларација е поставена на интернет страницата на Агенцијата, која е државна институција, а нејзинот директор го назначува владата.
Зошто и поради кои причини државен орган дава поддршка за ваков документ, нема образложение. Декларацијата е поставена на интернет страницата на 31 март, речиси идентично во периодот кога беше лиферувана во јавноста.
Оваа декларација што ја нуди една политичка партија и во идентична форма и Владиката Петар предизвика остри реакции, пред се поради контекстот бидејќи таа има за цел да спречи целосно признавање на МПЦ-ОА за автокефална црква и да остане заробена во рускиот православен свет.
Најинтересно е што директор на оваа Агенција е Слободан Близнаковски, кадар на ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски. Токму Георгиевски и неговата партија се нагласни во критиките за србизација на државата и нејзино заробеништво во руско-српскиот свет.
Логично, знае ли Георгиевски каква агенда спроведува неговиот кадар во Агенцијата за Иселеништво.

