Заврши Соборот на СПЦ, во соопштението нема информација дали е донесена одлука за барање автокефалност за МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Српската православна црква го заврши мајскиот Собор, но во официјалното соопштение нема дополнители информации дали е донесена одлука со која СПЦ ќе ја претстави МПЦ-ОА пред Вселенската Патријаршија за автокефалност.

-Следниот Благодатен и Благословен настан на Соборот беше заедничкото сосолужување на Соборната света Литургија во Храмот на Свети Сава на Врачар по воспоставувањето на евхаристичкото општење и канонското единство помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црлва, како таа се нарекуваше по прекинот на општењето од 1967 година. Литургијата ја служеше Патријархот Српски г. Порфириј во сослужение на Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан заедено со голем број архиереи, свештеници и ѓакони, пишува во соопштението од Соборот на СПЦ.

Врочем тоа е и единствената реченица што се однесува на МПЦ-ОА.

Српскиот Патријарх, заедно со владици на СПЦ вечерва доаѓа во Македонија, а утре во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје ќе служат литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Македонските владици очекуваат дека од овој Собор на СПЦ ќе произлезе одлука за претставување на МПЦ-ОА пред Всленската Патријаршија за добивање Томос за автокефалност.

Денеска и Вселенскиот патријарх го поздрави чекорот на сослужување меѓу двете цркви.

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img