Завршена конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“

Date:

Share post:

Заврши непосредната заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во село Младо Нагоричане, во општина Старо Нагоричане, во рамки на програмата на Министерството за култура.

goirКако што информира Министерството за култура, обемната конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период е спроведена во повеќе фази, при што стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во целост извршиле консолидација на архитектонско-конструктивната структура на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.

Претходно на овој сакрален објект е извршено зацврстување на конструктивниот систем и на покривот, како и санација на фасадите и на потпорните ѕидови околу црквата.

Со овие активности, како што се наведува во соопштението, е заштитен вреден споменик на културата кој потекнува од 16 век и кој е симбол на препознатливост на овој регион.

Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи и една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...