Затворски казни за регрутирање борци за Сирија

Date:

Share post:

kelija slucajОд две до четири години и шест месеци затвор за петмината обвинети во случајот Ќелија кои го признаа делото,  меѓу кои Стефан Стефановски. Ова е прва пресуда за кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоена или парполициска формација  кое е предвидено во законот од 2014 година.

Одлуката на судскиот совет беше донесена врз основа на законот за одмерување на казните, каде предвид биле земени олеснителните околности за обвинетите дека не се во брачна заедница, немаат деца, не се осудувани и дека ова им е прво кривично дело.

Тие имаат право на жалба само за висината на  казната.

Судијата Ѓоко Ристов при читање на одлуката, рече дека се надева оти казната ќе има специјална, но и генерална превренција од повторување на делото.  Во иднина, изрази надеж дека  осудените ќе се вратат на правиот пат бидејќи како што рече, можеби биле заведени од идеологија  која не била добра ниту за нив ниту за човештвото.

Акцијата „Ќелија“ беше спроведена во август минатата година на неколку локации на Бит-пазар и во Сарај, каде полицијата откри дека преку џамии и приватни објекти на невладини организации биле врбувани борци за странски војски на Блискиот исток.

Со обвинението првично беа опфатени 11 лица, но шестмина од нив меѓу кои и оџата Реџеп Мемиши од скопската Тутунсуз џамија, веќе ја признаа вината и добија затворски казни од 5 до 7 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img