Зачестија српските владици во Бигорски – викарот на партијархот Порфириј пречекан со почести

Date:

Share post:

Ден по посетата на Будимскиот Митрополит Лукијан, гостин на Бигорскиот манастир бил уште еден владика од СПЦ. Епископот Липљански г. Доситеј, викар на Патријархот Српски Порфириј го посетил манастирот, каде бил пречекан со владички почести.

-Во отсуство на Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, со негов благослов, ценетиот архиереј и неговата придружба беа достоинствено пречекани од манастирскиот економ Архимандритот Доситеј и од присутните браќа во Манастирот. По свеченото иподохи и многулетието во храмот, драгиот гостин беше примен во големиот синодикон, каде што разговараа со о. Доситеј за животот во Манастирот. Во продолжение, тој му ги покажа главните содржини на Манастирот, вклучувајќи ја Книгохранителницата, велат од Бигорски.

Епископот г. Доситеј се потпишал и во книгата на впечатоци, а од Бигорски објавија што напишал.

„Благодарен Му сум на Бога и на Св. Јован Претеча што се удостоив на посетата и што се поклонив на Бога во оваа света и многу древна Обител. Му благодарам и на Неговото Преосвештенство г. Партениј и на целото во Христова братство негово за укажаната љубов и гостопримство“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...