Синодот на Бугарската православна црква исправен пред сериозен предизвик. Поделеноста на владиците и денеска го блокираше одржувањето на синодската седница. Втор ден по ред Архиереите на БПЦ кои бараат санкции за контроверзниот Архимандрит Дионисиј не можат да соберат кворум за почеток на синодската седница.
Поддржувачите на Дионисиј ја опструираат работата на највисокото црковно тело на БПЦ и денеска не се појавија на седница.
Седницата е презакажана за утре, но според најавите истото сценарио може пак да се повтори.
Архимандритот Дионисиј изјавил дека не сака да дава прогнози, но како духовник е должен да го почитува решението на Синодот на БПЦ.
Свештениците од храмот „Св. Александар Невски“ во Софија и верници на БПЦ побараа санкции за Архимандритот кој го обвинуваат за нецрковни постапки.
Вчера пред Синодалната палата на БПЦ беа одржани и протести „Против“, но и „За“ Архимандритот на БПЦ. Противниците го обвинуваат дека го руши угледот црквата, додека пак неговите поддржувачи сметаат дека тој е достоинствен претставник на Црквата.

