Вселенската патријаршија разговараше со БПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Делегација на Вселенската Патријаршија ги почна консултациите со помесните православни цркви за барањето за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Меѓу првите дестинации на Вселенската патријаршија беше Бугарската Православна Црква. Средбата била во Софија, а на нејзе присуствувале Бугарскиот патријарх Неофит и владиците Николај, Гаврил Ловченски, Данаил и секретарот на Синодот на БПЦ Герасим.

Во делегацијата на Вселенската Патријаршија бил Митрополитот на Франција Емануил и Смирненскиот мирополит Вартоломеј.

Иако БПЦ официјално не соопштува детали од разговорите, според неофицијалните информации на бугарските медиуми, главна тема на разговорот била МПЦ и Украинската православна црква.

Претставниците на Вселенската Патријаршија, веќе неколку недели ги посетуваат помесните православни цркви за да ги слушнат нивните позиции за прогласување на автокефални цркви во Украина и во Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img