Вселенската патријаршија повика да не се шири паника и да се почитуваат препораките на медицината

Date:

Share post:

По серијата панични состојби во христијанскиот свето, околу Светата Причест и состојбата со коронавирусот, Вселенската Патријаршија на седница на Светиот Синод ја анализирала ситуацијата и покрај сериозноста на состојбата, повика на разумност, трпение и избегнување на јавна паника.

-Нашата Црква ја почитувала и ја почитува медицинската наука. Затоа таа ги поттикнува сите верници да се усогласуваат со здравствените препораки, како на Светската здравствена организација, така и со соодветните упатства и законски одредби на поединечните држави. Вселенската патријаршија ја изразува својата благодарност кон сите што работат со самопожртвуваност во секој оддел на здравството, медицината, болничарството и истражувањето, заради соочување и лекување на оваа нова пандемија. Великата Христова Црква од својот двеилјадигодишен опит знае дека Божествената Причест е „противотров за смртта“ и останува цврсто на досегашното православно учење за светата Причест. Јасно е дека верата во Бога, како надминување, а не укинување на човечката логика, како и молитвата, ја засилуваат духовната борба на Христијанинот. Затоа, Мајката Црква во Константинопол ги поттикнува сите свои духовни чеда во светот да ги засилат своите молитви, та со Божја помош и просвештение да се надмине ова современо искушение, стои во соопштението на Вселенската Патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img