Во Газа гранатирана третата најстара црква во светот

Date:

Share post:

Палестинските власти објавија дека грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која биле сместени раселените Палестинци, била бомбардирана, од страна на Израелците. Генералниот директор на болницата Шифа Мухамед Абу Селмија изјави дека десетици луѓе се повредени, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи некои тела се уште се под урнатините, пренесоа агенциите.

Палестинските власти соопштија дека за експлозијата е одговорен израелски воздушен напад.

Ерусалимската патријаршија го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош. Еден од преживеаните изјави за медиумите дека израелската армија претходно не испратила предупредување.

– Според извори во околината, десетици Палестинци најверојатно загинале под урнатините на една од најстарите цркви во Газа. Поголемиот дел од убиените се парохијани, кои побарале засолниште од воздушните напади во историската зграда на црквата Свети Порфириј и се раселени лица од северните и јужните области на Газа, пишува „Нафтемборики“.

Тие проценуваат дека околу 1.000 луѓе нашле засолниште во црквата, училиштето и другите објекти.

Архиепископот Тивериополски Алексиос од Ерусалимската патријаршија во ексклузивен коментар за грчката телевизија ЕРТ-1 изјави дека во моментот на нападот во зградата имало околу 400 луѓе.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...