На 27 октомври 2025 година, во Букурешт (Романија), за време на заедничка литургија предводена од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, и романскиот патријарх Данаил, беше спомнат и поглаварот на Православната Црква на Украина (ПЦУ) Епифаниј во редот на автокефални помесни цркви, но не и поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан.
Соодветниот момент, односно Големиот вход од службата може да се види во директниот пренос што го емитуваше телевизискиот канал на Романската патријаршија „Trinitas TV“.
Литургијата, што ја сослужуваа архиереите на Вселенската и Романската патријаршија, се одржа на отворено, во дворот на Романската патријаршија, во близина на старата катедрала, во присуство на многубројни верници.
За потсетување Романската православна црква се уште не ја позна ПЦУ за автокефална, а од друга страна одлучи МПЦ-ОА да ја признава како таква, иако најави дека го очекува конечниот Томос од Вселенската патријаршија. Овој настан јасно ја отсликува „тежината и сериозноста на Томосот од СПЦ“ и реалноста околу тоа дали МПЦ-ОА е, или не е автоекфална црква.
Инаку ова не е прв пат да биде спомнат Епифаниј на литиргија во Романија. Претходно, името на поглаварот на ПЦУ беше спомнато во Букурешт на литургија одржана од кипарскиот архиепископ Георгиј. Исто така, името на митрополитот на Киев и на цела Украина, Епифаниј, беше произнесено и за време на сослужувањето на Вселенскиот патријарх и новиот архиепископ на Албанија, Јован, на Неделата на сите светии, а не беше спомнато името на поглаварот на МПЦ-ОА.
Спомнувањето на имињата на поглаварите за време на Големиот вход е единствениот јасен израз за признавање на нечија автокефалност.


Оваа вест е уште една потврда дека МПЦ-ОА, и покрај сите оптимистички изјави, сѐ уште не е примена како вистински автокефална црква во православниот свет. Фактот што во Букурешт беше спомнат митрополитот Епифаниј, а не и Архиепископот Стефан, говори дека за останатите помесни цркви – томосот од СПЦ нема никаква тежина. Тоа беше привремено, „внатрешно“ решение, кое реално ја држи нашата Црква под јурисдикција на Белград, а не ја издигнува во ранг на вистински независна Црква.
Сите кои зборуваат дека „нема потреба од томос од Цариград“ – денес имаат одговор пред себе: ако навистина бевме автокефални, ќе не споменуваа рамноправно со сите други. Но бидејќи немаме томос од Мајката Црква – Вселенската Патријаршија, остануваме канонски „во воздух“.
СПЦ 70 години не нѐ признаваше, нѐ држеше во раскол, а сега нѐ „призна“ само за да ја задржи контролата. Затоа денес никој не нѐ спомнува во диптиси, затоа што за останатите православни, СПЦ не може да додели автокефалија (а да не е антиканонски) без благослов од Цариград, а тоа го немаат – и тоа е непобитен факт, значи СПЦ, БПЦ и ГПЦ се победници, а ние зависиме од нив, наместо они од нас‼️
Затоа, ако сакаме вистинска, целосна автокефалија – мораме да ја бараме од Вселенскиот Патријарх – како сите до една автокефални Православни Цркви. Само тогаш МПЦ-ОА ќе биде прифатена во целото православие, а не како „внатрешна филијала“ или сателит на Белград, односно автономна црква – каква што беше ПОА на Вранишковски. Во пракса, сегашната ситуација не знам дали е подобра❗️
Време е да се соочиме со вистината: без Цариград нема канонска полнота и општо-призната автокефалија, нема еднаквост и нема победа.
Затоа се сѐ позачестени изјавите дека Македонија е српска, СТАРА СРБИЈА, Македонците се Срби итн. Моментално, ни се крои иднината на нашата државност и Помесна Црква, без наша дозвола, да не го дозволиме тоа❗️❗️❗️
Ne go spomnale, ali toa ne znači deka i Gospod ne go spomnal Stefana. Neka, se’ gleda Gospod odozgore. Ovoj Vartolomej džabe se koćoperi, nego ni Gospod ne go saka.