На 4 декември 2025 година ќе се одржи јавен симпозиум – настан што ќе ги обедини водечките гласови од Црквата, академскиот свет и јавниот живот. Фокус на овој собир ќе биде документот што ги преобликува разговорите низ православниот свет: „За животот на светот: Кон општествениот етос на Православната Црква(FLOW)“
Документот ја развива визијата на Црквата за животот во современиот свет, односно се фокусира на теми како сиромаштија, технологија, климатските промени, правдата, човечките права. Истиот бил подготвен по Соборот во Крит од 2016 година, со цел да ја артикулира социјалната свест на Православната Црква. Симпозиумот го потврдува интересот на Православната Црква да ја артикулира својата општествена мисла јавно, бришејчи ја на овој начин традиционалната дистанца од социјални прашања. Главните прашања што ќе бидат отворени се „како да ја живееме верата не само во храмот, туку и во светот? Како православната традиција може да се соочи и да придонесе во глобалните предизвици? итн.
FLOW трасира многу поинаков курс, од оној на револуционерниот документ во оваа област на Руската православна црква, издаден во 200 година. Имено, документот повикува повторно да бидат истакнати храброста и сочувството на раната Црква, не согласувајќи се да го гледа светот како непријател, туку како поле на одговорност – можност за сведоштво, дијалог и трансформација. Затоа мотото е „животот во Христос и живот во светот не се разделени. Тоа е патот кон исцелението.“

