Владиката Петар ги величаше Свети Сава и српските духовници во Македонија – „поради нашите гревови некогаш сме биле одалечени“

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, денеска во Скопје, во црквата „Свети Архангел Михаил“, служеше литургија за Свети Сава, националниот празник на Србите, во сослужение со свештеници на СПЦ.

По Литургијата беше отслужен помен за загинатите војници во Првата светска војна и Балканските војни.

Владиката Петар, по литургијата повторно имаше проблематична беседа исполнета со величање на српскиот духовен идентитет и Свети Сава, на моменти презентирајќи искривени историски вистини, како на пример дека српските доховници во Македонија, направиле еден од напобожните народи на Балканот. За тоа зошто во историјата Македонците и Србите биле поделени, а не обединети како сега, Владиката Петар вината ја префрли на „нашите гревови“.

-Браќа и сестри денеска е празник голем за српската црква, за српскиот народ каде и да живее, каде и да опстои. Народ православен, нас Македонците најблизок. Иако повремено сме биле и подалечни заради нашите гревови, ама во последно време се покажа и докажа онаа библиската на светиот славен пророк Давид „Колку е убаво кога ќе се заедно браќата,“ изјавил владиката Петар. Дали „нашите гревови“ кои не оддалечиле се постапките на македонските владици од минатото за пригласување на автокефалноста во 1967 година?

Зборувајќи за Свети Сава, владиката Петар го воспеваше чинот на неговото оцепување од Охридската Архиепископија, а искористи и невистинити податоци дека за основањето на тогашната српската црква Свети Сава добил согласност од „Патријархот и од Царот“. (Веројатно мисли на Царигардскиот патриајрх и византискиот император), што историски е сосема неточен податок.

-Денес ние сме заедно браќа и сестри на оваа прослава, на овој голем светител. Неговиот татко е Великиот Жупан Стефан Немања. Добил согласност и од Патријархот и од Царот да стане прв Архиепископ на СПЦ. И не случајно српскиот народ смета дека тогаш се воздигнал не само црковниот, туку и националниот дух кај српскиот народ, што било причина да се одлично организиара и српската држава. Кога на Врачар Турците го изгореле телото на Свети Сава и кога сите мислеле дека со тоа ќе згасе духот на српскиот народ, бидејќи дури и телото на Свети Сава, кое е храм на српскиот дух, еве сега и него го нема, напротив српскиот народ за сметка на тоа многу повеќе го воздигнал својот дух, за сметка на тоа и продолжил да се бори против непријателот, против тогашната Отоманска империја, изјавил Владиката Петар.

Во Беседата зборува за тоа дека сите Македонци се имаат изјаснето на анкетите дека поблизок народ немаат од српскиот, потенцирајќи дека како народи „во историјата сме имале недоразбирања и судири, но никогаш не сме биле непријател на мегдан едни со други да се ништиме, како што за жал тоа било во соседството.“ Од кои причини Владиката Петар релативизира една крвава историја од почетокот на XX век е непознато, исто како што е непознато како српските духовници од тој период станаа „духовни воздигнители на Македонците“.

-Во минатиот век, браќа и сестри на просторите на нашата македонска земја, поточно на просторот од овој дел на Македонија, ние сме сведоци дека видни духовни свештени лица од српската црква придонеле во вршењето на мисијата да ние останеме како еден од најнабожните народи на Балканот, изјави владиката.

10 COMMENTS

  1. А да објасни Владиката Петар зошто толку ја величи СПЦ? Да каже колку пари во кеш добива од РПЦ преку СПЦ. Колку истиот тежи во девизни сметки во банкарските негови сметки во земјава и странство? Срамота.

  2. Na avtorot na ovoj tekst, se vidi – mnogu mu smeta se što e srpsko pa i bliskosta na Makedonskiot so Srpskiot narod izrazena vo besedata na ovaa kontraverzna ličnost, narečen makedonski vladika,koj, vidi čudo Božje, se osmelil da besedi i za Sv. Sava. Na ovoj lažen novinar, bugarofil po profesija, mu e milo samo za uloga na Bugarite da se besedi koga e vo prašanje i istorija i religija i vera vo Makedonija.

  3. Makedoncite so site prvoslavni narodi treba da si podade raka.Da bidime pocituvani od site komsi I normalno da ne bideme ponizeni ili uvredeni.Makedonskata crkva e prvoto kandilo vo Evropa na pravoslavieto koe nad 1000 godini gi imame crkvite vo Ohrid I sirum Republika Makedonija.

  4. За жал сеуште сме Вардарска Бановина…
    а најмногу со помош на вакви србомани 🙁

    • Bolje je da budemo ono što smo nekad bili nego ono što ne treba da budemo-deo Bugarske i deo Albanije, jer Bugari i Šiptari nikad nismo bili, a od Srba smo postali.

    • Ние знаеме дека не сме Вардарска Бановина, не тагувајте напразно, знае и српскиот народ, кој во огромно мнозинство ни го почитува националниот идентитет. Љубовта е взаемна. Ако има некакви индикации за обиди за мека асимилација од српска страна, секако ќе бидат пресретнати успешно и навремено. Но, постои и нешто што се нарекува дипломатска култура. Да се прават црни толкувања кон прославата на Св. Сава во Македонија е благо кажано нездрава психологија. И нам и на српскиот народ во овие времиња на општествени духовни кризи ни се неопходни светлите сведоштва на Светителите Божји како образец на живот и духовен подвиг. Ако ги милитаризираме дури и ликовите на Светителите, каде ли ќе стигнеме! Последниве години тоа го прави политичкиот врв на Украина, гледаме каде стаса чекорејќи по тие нездрави ќорсокаци. А дали и како говорел дедо Петар на празникот на Св. Сава можеме точно да знаеме само при приложен видео запис. Инаку, новинарските мајстории вака или онака можат сешто да ни прикажат. Од своите архипастири со право очекуваме благоразумни бладодатни беседи кои ќе не’ укрепат во Верата, Љубовта и Вистината. Но, тие не се некоја историска комисија за влез во политички сојуз. Жедта за жива вода на Словото Божјо е очигледната доминанта на нашето време. Таа вода треба да си го најде патот до срцето на современиот човек. Тој самиот си го наоѓа патот до историски подароци, анализи, политички толкувања итн.

  5. Томосот е лажен, се уште сме непризнати од Вселенската Патријаршија, која единствено има право да издава томосо. Ваквите владиците се купени од КГБ владиците и тргуваат со народот како со стока, влечејќи го кон бездна.
    Од славните свети Климент и Наум Преславски и цар Борис Покрстител, паднавме на вакви политички волци.
    Да живее нашата Организација и нашата Архиепископија, а на Владо Шоферот и сите слободољубиви и правдољубиви наши браќа да им цъфти раката.

  6. Драг Василиј, ние не веруваме во Дарвиновата теорија на еволуција. Со почит.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...