Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф денеска во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар ќе служи света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага државата, соопшти Комисијата за односи со верските и религиозни групи.
Во трагичната несреќа, што се случи кај селото Ласкарци, загинаа 14 луѓе, а пет се во критична состојба.
