– Сакаме на верниците да им дадеме и друга алтернатива освен таа што ја нуди светот – во божикните пости да се слави некаква „најлуда ноќ“. Ова за „Дневник“ го изјавил Kумановско-осоговскиот Митрополит г. Јосиф, чија епархија оваа година одлучи да организира сеноќно бдение на 31 декември и на тој начин верниците ноќта спроти Нова Година да ја поминат во главната кумановска црква „Свети Никола“.
– Бденија се организираат во сите цркви и не се никаква новост. Бдение на 31 декември има секоја година во повеќе цркви низ Македонија, а ние сакавме да понудиме алтернатива – рече владиката Јосиф.
/ДНЕВНИК


Бдение за нова година е надвор од секој здрав црковен контекст. Како прво, различните типици (книги со правила за богослужбениот поредок) на Православната Црква пропишуваат точно за кои празници се прави бдение, а тоа се големите Господови празници или празникот на некој светител со голем локален или екуменски култ. Не треба да се заборави дека овие типици главно се однесуваат на монашките заедници, а не на парохиските храмови, местото на бдението му е во манастир. Сепак, има некоја логика да се прави бдение и во парохиите (од практични причини) на пример за Сретение, Воведение, Преображение итн. кога ќе се паднат во работен ден, па ако се истемпира бдението да заврши во разумно време 1 или 2 по полноќ, верниците ќе може да бидат и на служба, а утредента и на работа. Второ, треба да се направи разлика помеѓу верски и профан празник. Во спротивно, дај да правиме бденија и за 11 Октомви, за 1 Мај итн., да нудиме алтернативи. И за крај, кава воопшто е оваа алтернатива? На какова молитва ги повикуваме верниците? Да благодарат што „не се како овие“ грешните и заблудените што избрале журка? Или уште полошо: „праведните“ да се молат за „оние кои се во заблуда“? Нема што, одличен е фарисејскиот контекст на новогодишното бдение. Ако пак целта е молитва за благословена година, тоа може да се направи на 1 јануари, или уште подобро на 1 септември, кога почнува црковната година, но по јулијанскиот календар, по кој за сега се раководи нашата МПЦ.
Сѐ убаво ама да се кажеше со име братче или сестро, вака и ти во ист кош со нас 😉