Владиката Јаков се сретна со градоначалниците на Струмица и на Ново Село

Date:

Share post:

Меѓу првите гости кои новиот градоначалник на Струмица ги прими во својот кабинет, по преземањето на функцијата, беше Струмичкиот викарен епископ Јаков. Петар Јанков и Епископот Јаков, разговарале на првиот работен ден на градоначалникот.

Истиот ден, отец Јаков посетил уште еден градоначалник во околината на Струмица. Во Ново Село на покана од градоначалникот разговарал со Ѓорѓе Божинов.

На двајцата им подарил Библија.

-Владиката Јаков им упати искрени честитки за изборот и им посака Бог да ги укрепи со мудрост, трпение и љубов во служењето на народот и во исполнувањето на нивната одговорна мисија за доброто на граѓаните. Успешна работа за доброто на граѓаните и заедницата и во слава на Бога им посакува и редакцијата на Тивериопол.мк, објави Стумичката епархија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here