„Византиското наследство ги оформи духовниот и културниот идентитет на албанскиот народ“

Date:

Share post:

На првата Меѓународна научна конференција „Албанија во византискиот период“, која се одржува од 5 до 6 декември 2025 година во Тирана, архиепископот на Албанија, Јован, во поздравното обраќање го истакналдлабокото значење на византиското наследство за историскиот, духовниот и културниот идентитет на Албанија. 

Архиепископот ја оценил конференцијата како значаен чекор кон проучување и зачувување на заедничкото наследство, подвлекувајќи дека темата „Албанија во византискиот период“ е од исклучително значење — не само за научниците, туку и за пошироката јавност — затоа што многу од историските фази на ова подрачје, со нивната култура и духовност, се сè уште недоволно познати. 

Во своето обраќање, тој истакнал дека византиската цивилизација не била само политичка империја, туку жив културен и духовен феномен кој го „оформил духовниот, културниот и уметничкиот идентитет на балканските народи, вклучувајќи го и албанскиот“. Тој додал дека влијанието на ова наследство е длабоко и „оставило траенпечат врз психо-културниот профил“ на албанскиот народ. 

Архиепископот го нагласил и фактот дека Албанците не биле само пасивни приматели на византиското влијание — напротив, многу од нив активно придонеле. Тој како пример го навел византискиот црковен псалт од Драч, свети Јован Кукузел, кој ја реформировал византиската музика. 

Покрај ова, архиепископот Јован ја подвлекол и улогата на Црквата како мост меѓу минатото и сегашноста, помеѓу Истокот и Западот — не само преку сакралната компонента, туку и преку културните, уметничките и образованите вредности зачувани во древни манастири, византиски фрески и средновековни кодекси. 

Од крајот на комунистичкиот период, Албанската православна црква успеала значително да го обнови својот историски и духовен потенцијал — со реставрација на повеќе од 150 цркви и манастири, со оживување на византиската музичка традиција и со враќањето на новите генерации кон духовните богатства на нивните предци. 

Поглаварот на Албанската црква потенцирал дека соработката меѓу академската заедница и Црквата е суштинска, и дека тоа партнерство не е ништо ново — од времето на светите отци верата и разумот секогаш чекореле рака под рака. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img