Верската делегација на С.Арабија на средба со Гаши – зајакнување на духовните врски

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ја примил верската делегација на Саудиска Арабија, на чело со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали.

На средбата во неговиот кабинет бил и поглаварот на ИВЗ, Шакир фетаи.

Гаши соопшти дека на средбата било нагласено значењето на зајакнувањето на духовните врски и вредности што ги обединуваат Македонија и Саудиска Арабија. Како и подготвеноста за уште поинтензивно унапредување на институционалните односи.

-Имав чест да го пречекам во Собранието, на пријателска и братска средба, Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали. Во разговорот се осврнавме на значењето на неговата посета и на меѓусебното почитување, притоа изразувајќи искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Го нагласивме значењето на зајакнувањето на духовните врски и вредности што нè обединуваат, како и нашата подготвеност за уште поинтензивно унапредување на институционалните односи, напиша Гаши на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img