Верници заробени во Црква во Сирија му се молат на Бог да бидат поштедени од терористи

Date:

Share post:

siria crkva 2На социјалните мрежи се појави видео од денешното чествување на „Цветници“ во православен храм во Сирија. Веста која што ја пренесуваа „Сирија Њус“  зборува дека православните верници во црквата „Св. Ап. Петар и Павле“ во градот Скалбија во Сирија за време на литургијата за „Цветници“ биле заробени во црквата, додека надвор се одвивале жестоки борби меѓу бунтовниците и сириските власти.

Литургијата била прекината, бидејќи околината на храмот и црквата ја гранатирале припадници на терористите.

Она што е воодушевувачко во видеото е што сите кои биле во црквата во соззи на глас пееле и му се молеле на Бог да бидат поштедени.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, една жена била убиена.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img