Вечерва полноќно бдение на Матка во спомен на Мајката Божја

Date:

Share post:

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје денеска ќе се одржи вечерна богослужба со почеток во 18:00, а потоа и Духовна академија и полноќно бдение.

matka 4Традиционално, на Духовната академија ќе учествуваат деца од Скопје кои ќе изведат  хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми.

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

/МИА

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img