Вашингтонскиот суд издаде наредба за заштита на светата тајна Исповед

Date:

Share post:

Во петок, на 10 октомври 2025 година, адвокатите на државата Вашингтон поднесоа договорна судска наредба, со која државната власт и окружните обвинители се согласија на издавање трајна судска забрана за спроведување на законот што ќе бараше од свештениците да пријавуваат одредени информации добиени преку светата тајна Исповед. Државата Вашингтон дополнително се согласи да не им го ускратува на свештенослужителите правото на доверливост, кое според законот им е достапно и на другите лица што се задолжени да пријавуваат – известува интернет страницата на Црквата на Амарика.

Ова претставува значајна правна победа не само за православните христијани, туку и за сите христијани кои ја признаваат Светата Тајна на Исповедта или светата доверливост. Овој успешен исход е резултат на правната постапка што оваа година ја покрена Православната Црква во Америка, заедно со неколку други православни јурисдикции и свештеници, како одговор на законот на државата Вашингтон кој конкретно ги таргетираше свештениците и ќе ги примораше да го прекршат печатот на исповедта во широк спектар на околности. Таквиот закон би ги ставил свештениците пред избор да постапат според црковните канони или според државниот закон, избор што би можел да резултира со високи парични казни и дури и затворски казни. Покрај тоа, неоснованото мешање на државата во светата тајна на Исповедта би ги одвратило многу верници од пристапување кон исповед и простување уште од самиот почеток.

Оваа судска одлука претставува важно потврдување на слободата на верата за христијаните насекаде, а Православната Црква во Америка изразува благодарност до сите што придонесоа во ова дело во име на свештенството и верните.

Коментирајќи ја одлуката, Неговото Блаженство Митрополит Тихон Вашингтонски изјави: „Епископите и свештениците на Православната Црква во Америка имаат света обврска да го чуваат печатот на исповедта без компромис. Оваа одлука ја потврдува таа должност – и според законот, и според совеста. Му благодариме на Бога за ова решение и за сите кои се потрудија да го остварат.“

/Литургија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...

Архиепископот Стефан се сретна со матурантите од Карловачката богословија

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан имал средба со матурантите од Српската богословија од Сремски Карловци. Скопската епархија објави фотографии...