Вартоломеј ја осуди руската инвазија во Украина – бесрамно кршење на меѓународниот легитимитет

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, телефонски разговарал со поглаварот на Правиославната црква на Украина, Митрополитот Епифаниј, во кој ја осудил инвазијата на вооружените сили на Руската Федерација на територијата на Украина утринава, изразувајќи ја својата длабока тага поради ова бесрамно кршење на секој поим за меѓународен легитимитет, и изразил поддршка.

Неговата Светост го осудува овој неиспровоциран напад на Русија против Украина, независна и суверена држава на Европа, како и кршењето на човековите права и бруталното насилство врз нашите сограѓани и, пред сè, врз цивилите. Тој се моли мирот да го просветли раководството на Руската Федерација, за да ги разбере трагичните последици од нејзините одлуки и постапки, кои можат да бидат поттик дури и за светска војна. Ги повикува лидерите на сите држави, европските институции и меѓународните организации да работат на мирно решавање на оваа критична ситуација преку чесен дијалог, кој е единственото средство за решавање на секој проблем и решавање на секој спор, стои во соопштението на Вселенската патријаршија.

Вселенскиот патријарх братски ги повикува помесните православни цркви, како и сите христијани, но и секој човек со добра волја, на непрестајна молитва за украинскиот народ и за надмоќ на мирот и правдата во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img