Уште една наизвесна најава дека Папата ќе дојде во Македонија

Date:

Share post:

Папата Франциск може да дојде во Скопје во септември годинава, на прогласувањето на Мајка Тереза за светица, објави дневниот весник, „Вест“.

Плановите за посета на папата ги потврдил Антон Циримотиќ од Католичката црква во Скопје, но не потврдил дека тоа сепак ќе се случи, образложувајќи дека се зборува за евентуална посета на папата и на претставници од Ватикан, но за такво нешто народот треба добро да се подготви.

-Папата не би дошол заради него туку заради овој народ. Тој оди некаде за да се види со народот, не заради негов интерес. Мислам дека луѓето овде не се доволно подготвени да го пречекаат. Народот мора да сака да ја слушне неговата порака. Неговата посета многу би ни значела, особено во овој момент, кога земјата се наоѓа во тешка ситуација. Навистина ни е потребна неговата порака. Ако тоа се случи, земјата мора многу да се подготви за да го пречека, бидејќи цел свет ќе биде свртен кон нас”, изјаваил Циримотиќ за „Вест“

Во МНР вели дека биле испратени и официјални покани во Ватикан за годинешнава посета, потенцирајќи дека првата покана ја испратил Претседателот на државата во јуни 2014 година, па потоа поканата била реафирмирана и од Премиерот во првата половина на 2015 година. Последен пат поканата до папата ја повторил усно Претседателот во октомври минатата година, при неговата последна посета на Ватикан.

Франциск и го призна второто чудо на Мајка Тереза, и со тоа се отвори патот таа да биде прогласена за светица.

Чудото кое беше потребно за нејзино прогласување за света е поврзано со лекување на маж во Бразил, кој имал сериозна мозочна инфекција.

Сепак. шансите за посета на Франциск на Македонија се речиси минимални. За негова посеата на државата потребна е и сигласност од доминантната верска заедница, тоа во случајот е Македонската православна црква. Иако тоа не е законска обврска да се реализара таква посета, сепак тоа е практика на Ватикан. Тоа значи дека папата не патува во држава во која Православната црква не дала благослов. Во МПЦ за ова прашање меѓу владиците не владее некој идентичен став.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...