Уште еден скандалозен блеф на нелегитимниот Реис Фетаи!

Date:

Share post:

Патолошкиот егоизам на првиот човек на светата институција ИВЗ во РСМ, постојано се обидува со своите измами и невистини да ги дезинформира верниците од земјата и пошироко, злоупотребувајќи ја својата положба и уставните овластување.

На веб-страницата на ИВЗ со наслов: “Др. Селвер Џемаили е избран од вршител на должноста за Муфтија на Муфтиството на ИВЗ – Тетово. Во информацијата меѓу другото се наведува:

„На состанокот на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, одржан на 11.02.2025 година, Др. Хгз. Селвер еф. Џемаили е едногласно e избран за Муфтија на Тетовското Муфтиство, со кој избор сега ја извршува целосната функција Муфтија.

Наводно во целата процедура од Муфтиството Тетово биле предложени тројца кандидати, меѓу кои и -Др. Селвер Џемаили – в.д Муфтија на Тетово.

Оваа информација, покрај тоа што е напишана и подготвена на дилетантски начин, во својата суштина целосно е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА, еве и зошто…!!!!

Првично, челникот на ИВЗ и исто така претседавач на состаноците на Ријасетот, Шаќир Фетаху, не ја зборува вистината кога вели:

„На состанокот на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, одржан на 11.02.2025 година, Др. Хфз. Селвер еф. Џемаили е едногласно избран за Муфтија на Муфтиството Тетово…

О Шаќо, Ријасетот нема никакви законски и уставни овластување да избира Муфтија на која било Муфтиство, бидејќи член 30 став 1 точка 1 е децидно во Уставот на ИВЗ цитирам: “Муфтиството кандидира можни кандидати за Муфтија, Ријасетот на ИВЗ го врши именувањето, а Реисул Улема го верифицира именувањето и им издава мураселе” (мураселе: т.е. верско полномошно за вршење на функцијата Муфтија на дотичното Муфтиство)”  па од тука Шаќо ефендија зборовите  “избира” и “именува” се различни поими како денот и ноќта.

Потоа лагата да биде уште послатка Шаќо ефендијата наведува дека наводно си биле предложени тројца кандидати наведувајќи во известувањето до јавноста со цитат “Тројца кандидати предложил Муфтиството ИВЗ Тетово…”: цитатот звучи многу пријатен, со целосен легитимитет и законитост, само што во суштина не е вистинит, и за жал ова е само уште една од низа манипулации на Ефендијата Шаќир Фетаи.

За појаснување на јавноста: “Муфтиство” е основен уставен орган на ИВЗ, и во конкретниот случај Муфтиството на ИВЗ Тетово како основен уставен орган избран од Меџлисот на Џематот на Муфтиството Тетово на изборите на колективните органи на ИВЗ одржани на 22.12.2021 година, кој избор е верифициран со решение на Централната Изборна Комисија на ИВЗ бр.20. 02-34, 25.01.2022 година за нареден четири годишен мандат, кој колективен уставен основен орган на ИВЗ како единственото тело кое има законско и уставно право да предлага потенцијални кандидати за Муфтија и никој друг, до Ријасетот на ИВЗ нема предложено ниту еден кандидат за Муфтија.

И во ова насока Уставот на ИВЗ е многу јасен и дециден, член 27, став 1, точка ,  од Уставот на Исламската Верска Заедница се вели: „Муфтиството е основен орган на Исламската верска заедница“. Како резултат на настанот, ова тело со целосен легитимитет, избрано од Меџлисот на Џемаатите, на вонредна седница одржана на 07. 02. 2025 година, донесува одлука бр. 232/25 од 07. 02. 2025 година, на крајот на која одлука се потписите на девет членови на Муфтиството од вкупно единаесет што ги има Муфтиството Тетово, со која одлука за конкретниот го изразува својот цврст став дека законски, легитимен и уставен Муфтија на Муфтиството на ИВЗ – Тетово останува актуелниот Муфтија проф. Др. Ќани Несими а со ова се под разбира дека  наречениот Реис ефендијата Шаќир Фетаи измамува и кога вели дека Муфтиството на ИВЗ Тетово предложила до Ријасетот тројца можни кандидати за Муфтија, бидејќи во суштина Муфтиството Тетово ниту имало дури и состанок за овај случај, ниту пак од Ријасетот на ИВЗ како надлежен уставен орган имало објавени вонредни избори за Тетовски Муфтија, ниту пак имало формирано комисија за организација и одржување на избори за Тетовски Муфтија. Па од тука многу е залудно како Шаќо ефендијата на 12.02.2025 година објавува дека наводно на седница на Ријасетот е избран Тетовскиот Муфтија така именуваниот Селвер Џемаили од село Вејце Тетовско, кога преку фејсбук страницата на ИВЗ на 11.02.2025 година никаде не известува дека на седницата на Ријасетот одржувана на 11.02.2025 година на дневен ред било и именувањето на Тетовски Муфтија, па од тука многу едноставно е дека Ријасетот како Републички уставен колегијален орган го претворил во меџлис на самозабава и самозадоволување)!

Дека манипулираат нелегитимниот Реис ефендијата Шаќир Фетаи и така именуваниот Селвер Џемаили, и при што е повеќе од очигледно дека под нивно заложништво е ИВЗ а воедно без перде и пардон и се мајтапат во име на Ријасетот на ИВЗ, се аргументира и со тоа што никаде во известувањето на ИВЗе не е споменато:

  • На кој датум, со која одлука и на која законска регулатива и основа се повикува Шаќир Фетаху за распуштање на основниот уставен орган на ИВЗ Муфтиството Тетово,
  • На кој датум Ријасетот распиша вонредни избори за избор на нови членови на основниот уставен орган на ИВЗ – Тетовското Муфтиство, ако имало таква одлука на Ријасетот каде е истата, и зашто досега не е објавена?
  • На кој датум се распишани изборот за Муфтија на Муфтиство Тетово и каде е одлуката за ова, зашто истата не се објавува?
  • На која седница на Ријасетот било формирана централна изборна комисија за избор на Муфтија на Муфтиството на ИВЗ Тетово, кој е составот на таа комисија, и каде е одлуката на Ријасетот за формирање на таа комисија, зошто до денес таа одлука не е објавена?
  • Кога е формирана локалната изборна комисија, кои се членови таа комисија, Каде е одлуката на Муфтиството на Тетово за формирање на локална изборна комисија за одржување на избори за Тетовски Муфтија, кој ја донел, кога е донесена, зашто не се објавува?
  • Кој го организира, свикувал и преседавал со седницата на основниот уставен орган Муфтиство на ИВЗ – Тетово, претседателот на комисијата или пак незакнскиот и неуставен ВД Муфтија именуван Селвер Џемаили?
  • Каде се записниците и одлуките за сите обие прашања!

Затоа ве прашувам, каде е транспарентноста, и човекот што се повикува за транспарентноста? О Шаќир Фетаху, единстен уставен орган која има загарантирано основно и уставно ораво за да се произнесе за Тетовски Муфтија се членовите на Тетовското Муфтиство избрани од страна на Меџлисот на Џемаетот на Тетовското Муфтиство на 22.12.2021 година кој состав е потврден со одлука бр. 02-34, 25.01.2022. од страна на Централната Изборна Комисија на Ријасетот на ИВЗ.

О Шаќир Фетаху, за избор на Муфтија на Муфтиство на ИВЗ задолжително мора да се почитуват сите административни и законски процедури кои се задолжителни и соглано уставот и нормативата на ИВЗ, и во конкретниот случај и правилникот за избор на Муфтија на Муфтиство на ИВЗ.

О Шаќир Фетаи освести се, си ја претворил Исламска Верска Заедница во говедска штала, за жал и  Ријасетот си го претворил во колегијално тело за самозабава и за само задоволување, јавно те повикувам уште еднаш да се откажеш од твоето его и самовластие, барем на последните денови на твојот крај во тронот на ИВЗ да се вратиш на маргините на нормативата на ИВЗ, и да престанеш да го делиш џемаетот во Тетово и ширум земјава, престани со расколот, не ќе можеш да се спасиш со овој наречен самобендисан Селвер Џемаили за кого не убедуваше со факти дека е “крадецот што си го фатил на дело крадејќи“, па ти си му го опростил кражбата за да ти биде верен слуга!

Шаќо, читана книга си. И ова нема да помине како што сакате вие, дефокусирајќи ја јавноста на одреден временски период, како и минатите две години, и тоа на време на празниците, за да може едниот да организира како си посакува милионски евра аџилак, а другиот за слугата рацете во верските давачки на фитар и курбани.  Сешто има и свој крај.

Вистината е јасна како сончева светлина!

Пишува: Проф. Јусуф Зимери

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...